Под мотото ,,Уметниците по повод Осми март,, се одржа традиционалната манифестацијата ,,Брзо сликање” во Прилеп

20170307_122955

Под мотото, ,,Уметниците по повод Осми март,, во ЦК ,,Марко Цепенков,, денеска се одржа традиционалната манифестацијата ,,Брзо сликање, на која осум уметници членови на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) -Биљана Бинчев, Маја Најдоска, Верче Николоска и Емилија Ѓорѓиоска, како и нивните колеги Александар Џинго, Методи Исков, Стојан Дурланов и Бобан Петрески, сликаа по повод меѓународниот ден на жената.

DSCN1663
-Манифестацијата е убава можност за дружење меѓу нас колегите. Тука твориме и разменуваме мислења и сме креативни во одбележувањето на празникот на жената – изјави умeнтицата Биљана Бинчев.

DSCN1639

ЦК ,,Марко Цепенков,, по осми пат ја реализираше оваа креативна манифестација.
-Станува збор за креативна манифестација преку која со творештво и дружење се одбележува меѓународниот ден на жената. Покрената е на иницијатива на нашата институција и ДЛУП, со поддршка на локалната самоуправа. Сакаме како институција, но и ДЛУП да бидеме креатори на ликовната уметност – изјави Тони Чатлески, директор на ЦК ,,Марко Цепенков,,

DSCN1662

Манифестацијата ја проследи и градоначалникот Марјан Ристески кој ја посочи поодршката што општината им ја дава на уметниците.
Делата создадени на манифестацијата ќе бидат презентирани на изложба.

_MG_9493

_MG_9486

_MG_9457

_MG_9452

_MG_9447

_MG_9446

_MG_9438




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.