Подрачното училиште во населеното место Селце, денеска беше посетено од градоначалникот Марјан Ристески, Советникот за образование Марјан Матркаоски и директорката Катерина Чавлеска – Трпкоска. Причина за посетата е реновираната нова училница која се состои од промена на дограмата, малтарење на ѕидовите, промена на подовите, а во иднина ќе се реконструира и дворното место. Реконструкцијата чини двеста илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Прилеп.