Во организација на МПЦ, Богословскиот факултет и Библиското здружение на РМ денеска во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ беше поделен „Новиот Завет“ на сите дечиња од основно кои учат веронаука во своите училишта.
„Новиот Завет“ побуди насмевка на нивните лица, кои преку „Новиот Завет“ ќе се запознаеме со основите на нашата убава православна вера, ќе научиме колку е добар и милостив Господ и колку нѐ сака нас луѓето, а особено децата“, посочија анкетираните основци.
Преку часовите по веронаука, а воедно и преку „Новиот Завет“, децата ќе можат да научат многу нешта и да се изградат во духовно здрави и општествено полезни личности, посочија организаторите на настанот.