Во текот на следната недела времето во државава ќе биде сончево и топло, а повремено и спарно и тоа поради релативно високата влажност во воздухот која ќе ја имаме повремено.
Ќе има повремено и мала до умерена, па и умерена локална облачност, а само на планинските места повремено ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд проследен со ретки грмежи додека маскималните дневни температури на воздухот во текот на следната недела ќе се искачуваат во интервалот некаде од 30 до 37, 38 степени.
Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.