Подгответе се: Доаѓа невреме, ќе дува ветер со брзина од 70 км на час

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Ќе дува засилен северен ветер, наместа со брзина над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 22 степена.

-Во понеделник ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер со брзина над 70 километри на час. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, соопшти УХМР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.