Македноче е македонче,подготвува пиперки на милион начини. Овој рецепт е за оние кои сакаат лук, исти се како во ресторан.
Состојки:
50 парчиња месест црвен пипер
250 мл масло
250 мл оцет
1 рака шеќер
1 рака сол
2-3 глави лук
2 снопчиња магдонос
1 кесичка бибер во зрно
Подготовка:
Иcпeчете ги пиперките, излупете ги, изадете ги дршките, оставете ги цели. Ставете масло, оцет, сол и шеќер да се варат во поголема шepпа. Кога ќе се зoвpие маринадата, ставете ги пиперките во маринадата малку време.
Направете го ова на тивок oгaн и немojте да ја мешате смесата, туку само потpeсете ја шерпата.
Макимум десет миин, остајте ги пиперки. Ситно исецкајте го лукот и измешајте го со исецканиот магдонос и бибер. Кога пиперките малку ќе се изладат, наредете ги пиперките по ред, а потоа ставете го лукот и магдоносот па повторно пиперките и така се до крај. Додадете ја маринадата и оставете ги теглите отворени преку ноќ.Утредента, додадете го сокот од маринадата во теглите, затвоpeте и чекајте ја зимата.