Подгответе Канелони со сирење и спанаќ и чизкејк

kaneloni

За денеска се одлучивме да подготвиме канелони со сирење и спанаќ, а за десерт малку поинаков чизкејк.

Состојки

1 кг спанаќ

800 гр излупени домати исечкан на коцки

200 гр младо кравјо сирење

500 гр крем сирење

80 гр рендан пармезан

2 ситни црвени кромиди

Простофат шеќер

Малку мускатно оревче

2 листа жалфија (или прстофат сува)

По потреба масилново масло

По вкус сол и бибер, суви зачини

Подготовка

Излупете го кромидот, исечкајте го, па половина количини пропржете го со четири лажички масло. Додајте го доматот, шеќер, сол, бибер и гответе на тивок оган околу 30 минути.

Исперете го спанаќот и само со водата што се задржала на листовите и малку сол ставете го да се вари додека не спласне. Исчедете го вишокот вода. Ситно исечкајте го и пропржете го на четири лажички масло со останатиот кромид и жалфија. Млакиот спанаќ измешајте го крем сирењето, 2/3 младо сирење, 40 грама пармезан и малку мускатно оревче. Корите за лазањи варете ги една минута, па исцедете ги. Секоја намачкајте ја со филот па и свиткајте ги.

Третина од сосот од домати намачкајте го на дното од калап со димензии 18х28 сантиметри, наредете половина количина од канелоните, прелисјте со останатиот сос од домати и посипете со 20 гр пармезан. Додајте ги останатите канелони, прелијте го останатиот сос, остатокот од младо сирење и остатокот од пармезан.

Печете околу 20 минути на 180 степени Целзиусови.

Чизкејк

300 гр мелени бисквити

1 лажичка какоа во прав

1 лажичка рум или арома на рум

150-200 мл вода

Фил

300 гр свежо сирење

200 гр чоколадо

250 мл незасладена слатка павлака

70 гр шеќер во прав

50 гр брусница

Желатин

10 гр желатин во прав

1 кесичка чај од брусница или друг овошен час во црвена боја

250 мл вода

1 лажичка шеќер во прав

Подготовка

Брусниците потопете ги во вода така што целосно ќе бидат прекриени. Во мелените бисквити додате какоа и рум, а потоа полека додавајте вода додека се’ не добие облик на густо тесто. Втиснете ја смесата во калап за торта со мобилен обрач што претходно сте го обложиле со фолија. Ставете се’ заедно со фрижидер да се излади и стегне.

За филот со миксер изматете го сирењето со шеќерот во прав па додате изладена претходно стопена чоколада. Слатката павлака изматете ја во цврст крем. Додадете крем фикс или лажичка скроб за да ја зачува цврстината. Вака приготвената пена, рачно и полека измешајте ја со сирењето. Додатете половина од исцедените брусници. Се’ намачкајте по кората која се изладила во фрижидерот, па се’ заедно повторно вратете во фрижидерот.

За горното желе, растопете го желатинот во вода според упатството ( четири лажички вода). Останатите брусници ставете ги во 250 мл вода (искористите ја водата во која беа брусниците) со лажичка шеќер и варете ги. Промешајте со рачна мешалка, па додате го растопениот желатин. Кога течноста се излади полека со лажица додајте врз подготвениот колач. Повторно се’ вратете во фрижидер добро да се излади.

Пријатен апетит!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.