Бермудскиот триаголник секогаш привлекува големо внимание кај јавноста и за него има различни теории.
Откритието на подводни кратери може да го објасни исчезнувањето на бродовите. Во прашање се огромни дупки што настанале со натрупување на метан, кој најверојатно дошол од Норвешка, долго се наталожувал и потоа експлодирал и оставил подводни кратери.
Тие подводни дупки настанале со експлозија, кои претставуваат потенцијален ризик за бродовите што пловат во Баренцовото море.
„Реакциите може да бидат исклучително силни како нуклеарните. Тоа придонесува за загревањето на океанот и потопувањето на бродовите“, вели Игор Јелцов, рускиот научник што објаснува дека Бермудскиот триаголник настанал како последица на реакција на подводен гас.
Научниците претпоставуваат дека широчината на овие кратери изнесува 800 метри.