Поголема излезност во македонските средини од првиот круг, помала во албанските- власта не бира средства за да ги добие изборите

Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,52 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска. Доколку се анализира излезеноста по региони, во регионите во кои има мнозинско албанско население, излезеноста е далеку по мала па така до 13 часот, а најмала излезност има во Врапчиште, Дебар, Боговиње. За разлика од албанските средини во македонските излезеноста е над очекувуањата, па така највисока излезност до 13 часот е забележана во општините Крива Паланка, Демир Капија, Кратово, Берово На ниво на територија на цела Македонија на гласање до 13 часот излегле 367.539 гласачи. Во првиот круг од изборите до 13 часот излезеноста изнесуваше 20,05 отсто, што значи дека во вториот круг гласале повеќе граѓани до 13 часот.

Излезноста на избирачите во средините каде што доминира албанското население во неделата на вториот круг од претседателските избори е забележително слаба, покажуваат податоците од Државната изборна комисија.

Според податоците објавени на интерактивната веб страница на ДИК, по обработените над 99 отсто од избирачките материјали вкупниот одѕив на гласачите во земјата изнесува 20,52 отсто. Податоците, исто така, покажуваат дека во поголемите градски средини каде што доминира македонскиот дел од електоратот излезноста е нешто поголема или идентична со првиот изборен круг пред две седмици.

Меѓутоа, во средините каде што во мнозинство се гласачите на албанските партии, забележлив е послаб одѕив на избирачите.

Така, по првиот пресек за излезноста во Гостиварскиот регион на гласање излегле 10,92 отсто од запишаните избирачи, а сега излезноста е 8,18 отсто. Во Врапчиште одѕивот беше 7,50 отсто, а сега е 6,12. Во Маврово Ростуше на гласање на 21 април до 13 часот излегле 10,49 проценти, а сега до 13 часот 9,15 отсто.

Во Тетово, пак, излегле 13,13 во првиот круг отсто од гласачите, додека сега 10,42 отсто. Во соседните општини Желино излезени беа 6,62 проценти, а сега само 4,22 отсто, во Боговиње до 13 часот во првиот круг гласаа 8,11 отсто, а сега 6,21 отсто. Во Дебар, каде што во првиот круг беше избран и новиот градоначалник, излегоа 17,57 проценти од избирачите, а сега само 8,59 отсто. Слаб е одѕивот и во Струга, каде се регистрирани 10,15 проценти излезени гласачи. Во мешаната општина Кичево, пак, правото на глас го искористиле само 11,25 отсто од запишаните гласачи.

Може да се претпостави дека незаинтересираноста на албанските гласачи, покрај незадоволството од партијата која тврди дека ги претставува во Владата на Зоран Заев, потекнува и од тоа што претседателскиот кандидат кој беше поддржан од албанските опозициски партии Блерим Река во првиот круг освои околу 80 илјади гласови, или околу 11 проценти, не се квалификуваше за вториот круг.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.