Во манастирот Св. Јован Претеча во демирхисарското село Слепче Македонската православна црква – ОА изврши канонизација и го прогласи за светител Игуменот Кипријан Слепченски. Со чинот на канонизација чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите митрополити и епископи на МПЦ – ОА, како и архимандрити.
Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА со која Св. Кипријан Слепченски се запишува во списокот на светите беше соопштена во текот на Светата литургија. Во манастирот беше осветена и иконата на Св. Кипријан, пред која верниците се поклонуваа.
ПОГЛЕДНЕТЕ ПОВЕЌЕ НА РЕЛИГИЈА.МК