До пред неколку години, експертите тврдеа дека чучњевите се опасни по здравјето, а во повеќе култури, како во Индија и Кина, длабоките чучњеви се сметаат како терапија за релаксација.
Чучњевите се важни затоа што ви помагаат да ја зголемите мобилноста на бутовите, колената, колковите, да ги затегнете мускулите и ги прават истите пофлексибилни. Исто така овие вежби помагаат за смалување на болките во долниот дел од грбот и ја затегнуваат фигурата до совршенство.
Тие ги затегнуваат мускулите на целото тело, согоруваат вишок на масти повеќе од било која вежба, феноменални се за превенција на повреди, а благодарејќи на нив се забрзува и слабеењето.
Што се може да ви се случи ако правите по 100 чучњеви во денот, ќе ви открие оваа група на луѓе кои се впуштиле во таков невообичаен предизвик.