Најсреќните луѓе на светот денес живеат во Данска и Швајцарија, како што претставија во Анадолу Агенцијата (АА).
Спрема последното истражување за земјите каде живеат најсреќните луѓе, во кое беа вклучени 157 држави, најсреќните луѓе живеат во Данска, Швајцарија, Исланд, Норвешка и Финска.
На листата уште се наоѓаат и Канада, Холандија, Нов Зеланд, Австралија и Шведска.
Резултатите се добиени преку анализа на бројни студии кои ги вклучуваат најважните социјални фактори кои влијаат на субјективната среќа. Тука се вклучуваат економските, здравствените и психолошките фактори.
Десетте најсреќни држави се главно индустриски држави со западен менталитет и мали односно средни по територија главно од Европа.
Од земјите на балканот, најсреќни се луѓето од Словенија која се наоѓа на 63 место на оваа листа, а ги следат и луѓето од Хрватска која е на 74 место и Косово на 77 место.
Најнесреќни на светот се граѓаните на Мадагаскар, Танзанија, Гвинеја, Руанда, Бенин, Сирија.