Ова видео кое снимено со помош на дрон го претставува озлогласениот концентрационен логор Аушвиц, 70 години откако е ослободен од страна на советските војници.
Секоја година илјадници туристи и преживеани од тоа време, го посетуваат најголемиот логор изграден од страна на нацистичка Германија.
Повеќе од еден милион луѓе, најголем број Евреи, ги загубиле животите од 1940 до 1945 година. Во 1945 година тој е ослободен од страна на Црвената армија.
За колку голем комплекс се работи погледнете на видеото.