Погледнете како изгледа внатре новата детска градинка во Прилеп – ќе згрижи 250 дечиња (Фото)

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски, извршија увид во завршните работи околу новата детска градинка во населбата Точила.

-Посебно сум горд што успеавме да ја доведеме во завршна фаза доизградбата на детската градинка, која што е клучен и капитален проект за квалитетен развој на нашите деца, за кој што морам да кажам дека ја наследивме и целосната сума за исплаќање (околу 144.000.000 денари) а во оваа година успеавме од предвидениот буџет да изменаџираме и исплативме 37.000.000 денари.

Се работи на комплетирање на сите потребни документации за да се стави во функција овој објект што поскоро.
Градинката во Точила се простира на површина од 5030 м2 и има 13 занимални за прием на деца од предучилишна возраст, со проектиран капацитет за 252 деца. Покривот е предвиден како зелена тераса со ниска природна вегетација, со што се овозможува изолација и заштеда на енергија, што во овие моменти на енергетска криза е од исклучителна важност – напиша на ФБ Јовчески.

-На покривот исто така има сончеви колектори и фотоволтаична централа за производство на електрична енергија за потребите на градинката. Има и воздушна топлотна пумпа и централно подно греење со што ќе се намалат трошоците за греење и ладење.

Опремата за ентериерот ќе биде обезбедена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Во моментов како што сум информиран во тек е оглас за таква набавка. Како локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ морам да истакнам дека промените кои што носат подобра иднина за сите граѓани, со многу поголем интензитет ќе продолжат во наредниот период.

Инвестициите во образованието, во патната инфраструктура, во урбанистичкото и просторно планирање како и во сите останати сфери сигурен сум дека ќе ги зголемиме и ќе ги реализираме сите проекти кои што ќе донесат подобар живот за сите наши сограѓани. За се она што беше сработено и реализирано како и за сите идни планови ќе биди презентирано детално во мојот едногодишен отчет кој што ќе се случи овој викенд на Саемот на промените што носат иднина, а потоа ќе биде презентиран и достапен за сите граѓани на општина Прилеп – додаде градоначалникот на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.