Погледнете во внатpeшнocта на “мистepиозниот” обjeкт во фopма на пpcтeн во Пpилеп: Познато целocно за што се’ ќе кopиcти (Фото)

Српскиот портал “gradnja.rs”, деновиве го актуелизираше Информатичкиот центар за обновување по катастрофи и обезбедување континуитет во работата, кој се изгради во непосредна близина на касарните во Прилеп. Центарот се градеше со европски пари обезбедени од ИПА-компонентата – национална програма. Европската Унија го поддржува Министерството за внатрешни работи во воспоставувањето на информатичкиот центар, како основа за идниот шенгенски информациски систем на земјата-корисник. Овој информациски центар ќе овозможи зачувување на информациите и континуитет во работењето во случај на недостапност на системот или на губење податоци поради природна или катастрофа предизвикана од човечки фактор.

Според проектот на „1X2STUDIO“ од Белград, на чело со архитектот Зоран Абадиќ, во Прилеп е изграден „Business Continuity and Disaster Recovery Data Center“, кој обезбедува континуитет во работењето на ИТ-системите во функција на работата на Министерството за внатрешни работи, пренесува српскиот портал „Градња“.

Основната цел на проектот е да се обезбеди заштита на опкружувањето на објектот и на опремата (како и сите информации и софтвери) од кражби, вандализам, природни непогоди (вклучувајќи земјотреси), предизвикани катастрофи, тероризам и неочекувано оштетување од електрични напони, екстремни температури и слично.

Објектот се наоѓа 2 километри североисточно од центарот на Прилеп, а основната функција на објектот е да обезбеди безбедно сместување на компјутери, складишта и мрежни уреди, енергија за нивно одржување, контрола на температурата за работа, како и поврзување со други уреди внатре и надвор од него.

Централно јадро

Зградата е поделена на два дела – кружен прстен за сместување техничка опрема и инсталација, и централно јадро на сервер-соба. Кружниот прстен е исполнет со простории за механички инсталации, електрични и телекомуникациски инсталации, вклучително и просторија за провајдерот. Остатокот од просторот во објектот е за сместување на вработените (техничари, оператори, обезбедување) кои гарантираат полно работно време на дата-центарот 24/7.

Пристапот за возилата е од внатрешните улици околу објектот, од кои е обезбеден пешачки пристап до влезот за вработените преку платформи за утовар и влезовите во службата на техничките простории. Платформата за утовар и пристапната внатрешна улица околу објектот се елементи на архитектонскиот дизајн како што е и пејзажот, зафатена со периметар на заштитната зона околу објектот со пречник од 100 метри.

Соба во соба

Сервер-собата е дизајнирана како соба во соба и обезбедува највисоко ниво на физичка заштита, а со тоа и спречува ризици. Вградените системи обезбедуваат сеопфатна заштита и како такви, мултифункционална безбедност на бекап и сервер-системите, мрежните компјутери и комуникациските системи.

Армирно-бетонски sидови

Основата на објектот ја сочинува двојна бетонска конструкција од масивни армирно-бетонски ѕидови, чие исполнување е од високоефикасен изолациски материјал, а со цел највисок степен на заштита од пожари. Сите елементи на структурата на објектот – ѕидови, тавани и покрив – немаат никаков отвор.

Под постојан надзор

Во согласност со основната намена, овој објект бара одржување 24/7/365. За време на одморите и отсуствата, потребни се 5 лица за регуларно одвивање на една работна смена во траење од 24 часа, 7 дена во неделата. Бројот на вработени во објектот, на позицијата техничар е 2, мрежен оператор 2+2, вооружено обезбедување 2, а надвор од објектот 19 – на позиција вооружено обезбедување 5, на локација 2, на пријавница 2, во зоната на периметарот приближно 10.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.