Францускиот весник „Л’Екип“ денеска излезе со тврдење дека Пол Погба им се доверил на своите пријатели и им кажал дека сака да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Денешното издание на „Л’Екип“ вели дека агентот на Пол Погба, Мино Раиола во понеделникот се сретнал со извршниот потпретседател на „црвените ѓаволи“, Ед Вудворд и направиле стратегија за негово враќање на „Олд Трафорд“.
Весникот исто така пишува дека играчот веќе им се доверил на пријателите и им кажал дека сака да се врати во Манчестер јунајтед. Се шпекулира дека трансферот на Погба од Јувентус во Јунајтед ќе биде рекорден и ќе изнесува енормни 120 милиони евра, а Французинот ќе заработува 13 милиони евра годишно. Дополнително, неговиот агент од трансферот ќе се офајди за неверојатни 25 милиони евра.