Повтopно тензии: Во Црна Гора приведен е српски владика и седум свештеници на Српската православна црква

Црногорската полиција го приведе на сослушување српскиот епископ Јоаникиј и уште седум свештеници на Српската православна црква, пренесува мондо.рс.

Сослушувањето било направено со цел да се соберат информации за денешната литија, пишува порталот.

Пред полициската станица се собраа голем број на граѓани за да им дадат поддршка. Свештеникот Вељо Јововиќ ги повика граѓаните да се оддалечат од станицата.

Граѓаните пееја песни за Косово и скандираа “не ги даваме црквите”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.