Повторно сообраќајка во Прилеп и повторно удрен пешак – овојпат 72-годишна прилепчанка

-На 02.01.2025 во 08.16 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Александар Македонски“ со ул.„Републиканска“ во Прилеп, патничко возило „опел мерива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) удрило во Т.Ч.(72), двајцата од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ч., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.