Повторно претрес и повторно пронајдено оружје во прилепско Дебреште

На 26.09.2023 во с.Дебреште, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.И.(53) од с.Дебреште.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.65 мм, рамка за пиштол калибар 7.65 мм и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.