Повторно помеѓу своите: Легендата се врати дома

Легендарниот фудбалер на Челзи, Френк Лампард се врати на Стемфорд Бриџ, стадионот каде ги оствари најголемите успеси во својата кариера, но овој пат во друга улога.

Некогаш одличниот везен играч е претставен како нов менаџер на лонсонските “сини”. Лампард во Челзи се врати откако во минатата сезона одлично го предводеше Дерби Каунти, екипа која на крајот не успеа да се избори за пласман во Премиер лигата.

Лампард со Челзи има освоено четири титули во Премиер лигата и една титула во Лигата на шампиони.

“Среќен сум и горд што се враќам во Челзи како тренер”, рекол Лампард после претставувањето и додал:

“Сите знаат за мојата љубов кон овој клуб и историјата која ја делиме заедно. Без оглед на тоа јас сум подготвен за предизвиците кои следат во новата сезона и морам да кажам дека подеднакво сум подготвен за тешка и жестока работа која би го донела посакуваниот резултат за клубот. Едвај чекам да започнам”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.