Фејсбук и Воцап престанаа да работат во ист момент, а на голем број корисници им се случува истото и со Инстаграм.
Некои корисници тврдат дека на Фејсбук може да пристапат без проблем преку мобилните апликации, но не и на другите социјални мрежи, дури ни преку компјутер.
Неодамна исто така се случи пад на овие социјални платформи, за што корисниците не губеа време да се пожалат на Твитер.
Од Фејсбук, кој е сопственик и на Инстаграм и Воцап, уште немаат излезено со официјална изјава зошто падовите на платформите толку зачестија.