На 29.09.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, поточно кај место викано „Лазов мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, патничко возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(25) од с.Воѓани, прилепско и трактор со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(62) од Кавадарци.
По несреќата, возачот на товарното возило го напуштил местото, но по кратко време бил пронајден од полициските службеници и лишен од слобода, при што било констатирано дека станува збор за К.А.(47) од Р.Албанија, со престој во Кавадарци.
Во несреќата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.Б. со телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци – информираат од МВР.