Повторно лоши вести за фановите на Шумахер

screenshot_8-1-640x382

Поранешниот претседател на Ферари, Лука Кордеро ди Монтецемоло не даде охрабрувачки вести за поранешниот шампион на Формула 1.

Поминаа две години од несреќата на француското скијалиште Марибел, во која настрада Михаел Шумахер. По несреќата тој подолго време беше во кома поради повреди на главата. Германскиот возач наводно е буден и при свест, но според зборовите на поранешниот претседател на Ферари, неговата состојба е многу лоша.

“Ужасно е да се гледа во ваква состојба. Човек не знае што да направи. Тој беше неверојатен возач, човек и пријател. Се восхитувам на силата на неговото семејство. Од срце се надевам дека наскоро ќе добиеме добри вести” , рече во разговорот за РТЛ телевизија Лука Кордеро.

Претседателот на Светската автомобилска организација (FIA) Жан Тот често го посетува Шумахер и цврсто верува во неговото опоравување.

“Често го посетувам Михаел. Тој е бори, па и ние мораме да продолжиме да се бориме заедно со неговото семејство”, изјави Тот.

Шумахер е на домашно лечење од претходната година, а неговото семејство се одлучи да ја зачува неговата здравствена состојба надвор од јавноста, па затоа тешко е да се добијат информации од прва рака. Последните охрабрувачки информации ги даде неговата менаџерка Сабин Кем, која објави дека неговата состојба се подобрува, но со споро темпо.

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.