Повторно гори депонијата кај прилепско Алинци: Од Комуналец велат пожарот и овојпат е подметнат (ВИДЕО)

Една недела откако беше угаснат пожарот, повторно гори депонијата кај Алинци. Новинарот Зоран Момироски на својот Фејсбук профил објави видео кое го добил од загрижени граѓани.

-Информацијата е потврдена и од ЈП Комуналец – Прилеп. Било намерно запален депониран одпад од текстил. Тоа што горело сега догорува. Се’ што можеше, се’ намерно е запалено и се’ изгоре и во минатиот и во овој пожар. Денеска и вчера тоа што е запалено само догорува. Нема повеќе што да се пали велат од ова комунално претпријатие. За загадениот воздух и чадот што го дишат прилепчани и жителите од околните населени места молк од надлежните исто како и минатиот голем пожар – стои во објавата на Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.