Повикала полиција за да и достават пица. Мислеле дека е шега, но токму тоа и го спасило животот….

Полицијата, пожарникарите и брзата помош се екипи кои имаат стресна работа. Тие мораат секој позив да го земат многу озбилно: позивите на шала, позивите од луѓе кои сакаат само разговор и озбилните вонредни ситуации. Понекогаш е тешко да се направи разлика помеѓу лажните позиви и позивите како овој. Текстот кој следува е вистинска приказна.

je-li-sve-u-redu-da-li-imate-hitan-slucaj-da-imam-6

Жена се јавила во полиција и им рекла дека сака да порача пица, но разговорот се развил во многу озбилна ситуација од самата порачка на пица.

“Имав позив кој започна многу глупаво, но всушност беше навистина озвилен”, раскажува еден полицаец:

– 911 повелете?

– 123 Мејнстрит

– Во ред, што е толку итно?

– Сакам да порачам пица

 Убаво, помислив дека е нова шала”, раскажува операторот.

– Жал ми е, се јавувате на 911

– Да, знам. Може ли да добијам голема пица со салама, печурки и феферони?

– Мммм, жал ми е, дали знаете дека се јавувате кај диспеџер?

Да, за колку време ќе биде готова?

– Дали е се во ред, дали имате итен случај?

– Да, имам

– И не можете да зборувате за тоа затоа што има некој во собата со вас?

– Да, точно

– Имам патрола на километар од вас. Дали поседува оружје во куќата?

– Не

– Можете ли да останите на телефон?

– Не, се гледаме наскоро, фала ви

Кога пратиле патрола, виделе дека во базата на податоци дека и претходно имало позиви за насилство во ова семејство.

policija-je-usla-u-kucu-i-videli-su-plave-modrice-na-zeni-i-pijanog-coveka-policija-ga-je-11

Полицијата влегла во куќата и виделе сини модринки на жена и пијан човек. Полицијата го уапсила, кога жената објаснила дека ја тепал неколку пати таа вечер.

“Се служеше со одличен трик. Ова е дефинитивно еден од најзначајните позиви кои сум ги примил”, вели диспеџерот.

Овој позив и го спаси животот на жената.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.