Повеќе пари за новороденчињата: Поддршката се зголемува на 8.000 денари

Општина Гази Баба продолжува со политиките за поддршка на младите семејства. Од 1 јануари, секое семејство во општината кое ќе добие принова, ќе има право на финансиска помош во висина од 8.000 денари.

Според градоначалникот Стефковски, целта на ваквите мерки е директно да се влијае на зголемување на наталитетот и да се охрабрат граѓаните на овој важен чекор. Тој потсети дека кога ја презел функцијата за првпат ја вовел оваа помош, а сега, по две години, таа е речиси двојно зголемена.

„Ова е почеток на една политика која ја става грижата за семејството и децата во самиот фокус“, истакна градоначалникот на својата официјална објава, нагласувајќи дека средствата се обезбедени преку одговорно трошење на парите на граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.