Општина Прилеп информираше дека повеќе населби во градот ќе добијат ново улично осветлување. Изградба на јавно осветлување ќе биде поставено на три нови локации и тоа на ул. ,,Петар Ацев“ со должина од 380 метри при што ќе бидат поставени 12 столба со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 380 000 денари.
Целосно осветлување и на кругот во градинката во Тризла, при што ќе бидат поставени 16 канделабри со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 450 000 денари. Исто така во кругот околу зградите во населба Вишне, на ул. ,,Наум Наумоски Борче,, ќе бидат поставени 8 канделабри со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 350 000 денари. Изградбата е согласно програмата за комунално уредување на општина Прилеп и средствата се обезбедени од Буџетот на општината.