Повелете: Култниот локал “Дипломатик” слави викенд роденден со фантастична понуда

Точно една година откако Прилеп го доби клуб “Дипломатик”, или една година како прилепчани и сите гости во градот под Марковите Кули, уживаат во перфектно уреден амбиент, засладувајќи се со секакви топли и освежителни пијалоци.

Клуб “Дипломатик” во изминатите 365 стана култно место и неодминлива дневна дестинација за голем број кафеџии.

Важат за место кое го има најдоброто кафе во градот и најпристапните цени. Додека низ Македонија за еден филџан кафе ќе платите од 80-150 денари, во “Дипломатик” едно еспресо чини само 50 ДЕНАРИ, па затоа секој и во секое време може да си дозволи да испие кафе со друштво во центарот на градот. За ова се често пофалени од своите сограѓани, кои сметаат дека тоа е реалната цена на едно кафе. А плус за љубителите на утринското кафе, до 9часот ќе ги чини само 30 денари.

И додека ние овдека се расприкажавме за убавината и уникатноста на ова место, сопствениците се подготвуваат за незаборавна роденденска забава за овој викенд.

Првата свеќа на тортата ќе ја дувнат заедно со Диџеј FACE утре, петок (01.12.) со почеток од 21:30ч и во сабота, кога настапуваат одличните The Dreamers, во истиот термин.

Од “Дипломатик” ветуваат незаборавна забава, а за гостите имаат подготвено и специјални попусти на пијалоци, кои секако ќе привлечат сечие внимание.

Дојдете и поминете си прекрасен викенд со вашите најблиски!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.