OK ВМРО-ДПМНЕ победи на турнир во мал фудбал во Крушево, а ФК Победа победник на традиционалниот турнир “Вуко Каров” во Кавадарци
И во отсуство на Претседателот на комисијата за спорт, Александар Крстески, екипата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го освои првото место на турнирот во мал фудбал во Крушево. За екипата настапија млади фудбалски виртуози од нашиот град.
Исто така денеска успех постигнаа и фудбалерите на Победа, кои го освоија традиционалниот турнир “Вуко Каров” во Кавадарци, кој денеска се одржа по 21 пат.
Во првиот меч Победа го совлада Вардар со 2-0 на пенали. По 45 минути немаше голови, Антониот Столевски ги одбрани пеналите на Грозданоски и Љамчевски, а сигурни од белата точка за Победа беа Теофан Илијоски-Кисески и Игор Момироски.
Во вториот меч Тиквеш го совлада Вардар со 1-0 со гол од пенал на Христов.
Во третиот решавачки натпревар Победа-Тиквеш повторно во 45-тте минути немаше голови. Победа имаше поубави шанси-Ангелески биеше над празниот гол, шутот на Кирил Неделков беше блокиран пред празниот гол,а од одбиената топка
Давид Јошески биеше сантиметри крај стативата.
Победа:Столевски, Дигаловски, Петковски, Стомнароски, Бошески, Кисески-Илијоски(од 29 мин Митрески), Ангелески, Момироски(од 25 мин Неделков), Јошески(од 29 мин Јосифоски),Најдов и Б.Спиркоски.
При изведувањето на пеналите максимално прецизни беа и го совладаа Тофилоски нашите Бојан Спиркоски, Дарко Ангелески и Петар Најдов , кај домашните прецизен беше Темелков а Мишов биеше над голот, за конечни 3-1. Така на крајот Победа е победник, Тиквеш втор а Вардар третопласиран.
По завршување на натпреварот покрај пехарот за најдобра екипа Победа го доби и пехарот за најдобар голман кој заслужено отиде во рацете на Антонио Столевски.