Градоначалникот Марјан Ристески денеска во својот кабинет оствари средба со победниците на турнирот „Гоце Делчев. Турнирот, се организираше по повод 60- годишнината од формирањето на првиот кошаркарски клуб во градот „Гоце Делчев“.
Градоначалникот Ристески посочи дека општина Прилеп планира да направи традиционален турнир во баскет кој ќе се случува двапати во годината еднаш по повод раѓањето на Гоце Делчев, а вториот во летниот период кога ќе заврши учебната година. Турнирот побуди голем интерес, а учество земаат, 40 екипи кои беа поделени во три возрасни категории.
Кошаркарскиот клуб „Марфил Спорт“ им се заблагодари на организаторите и подржувачите на настанот и вети дека во иднина овој турнир ќе прерасне во традиција, кој ќе се одржува секоја година.