ФК Победа се заблагодарува за досегашната соработка на капитенот Тони Мегленски и на Даниел Карчески.
“Заради превисоки финансиски очекувања за следната сезона, не успеавме да се договориме за продолжување на соработката со овие двајца фудбалери.
Им посакуваме успешни кариери и уште еднаш благодариме за нивните игри и постигнати резултати во клубот. ФК Победа продолжува со подготовки за наредната сезона”, изјавија од клубот.