Со погодокот на Кириан Чиназорм во 70-тата минута, Победа ја совлада Беласица со 1:0 на стартот од новата фудбалска сезона во најелитното фудбалско натпреварување во Македонија.
На стадионот под Тумбе кафе во Битола, фудбалерите на Победа го стартуваа своето учество во годинешниот 27-ми по ред прволигашки шампионат на Македонија, и со три бода и чиста мрежа ги совладаа новајлиите во лигата.
Победа беше фаворит на овој натпревар и ја оправда таа улога.
Во наредното коло, на 19-ти месецов, Победа гостува кај Шкупи кој денеска одигра 1:1 на гостувањето кај Силекс во Кратово.