Вчера попладнето на доста добриот терен во битолското населено место Црнобуки, фудбалерите на Победа во контролен натпревар го совладаа истоимениот домашен третолигаш со 3-0, полувреме 2-0.
Тренерот Крстески на овој меч им даде шанса на сите расположиви фудбалери, со исклучок на Кукески (посериозна повреда на коленото) и Дунимаглоски (полесна повреда).
Во двете полувремиња настапија различни состави, а единствен кој одигра 90 минути беше Стомнароски.
Разликата во квалитетот беше евидентна па покрај 3-те гола прилепчани пропуштија барем 6-7 изгледни шанси, а голманите Столевски и Котевски имаа по 1-2 сериозни одбрани.
Стрелци на головите беа: за 0-1 Бојан Спиркоски во 6-тата минута со шут од 16 метри по асистенција на Најдов,
за 0-2 Андреј Петкоски во 16-тата минута со глава по центаршут на Даниел Карчески и за 0-3 Филип Спиркоски по соло акција и прецизен шут од 12-13 метри.
Победа 1 полувреме: Столевски, Дигаловски Стомнароски, Петкоски, Кисески-Илијоски, Карчески, Момироски, Ангелески, Јошески, Најдов и Б.Спиркоски.
Победа 2 полувреме: Котевски, С.Спиркоски, Дебрешлиоски, Поп-Антоски, Митрески, Бошески, Јосифоски, Стомнароски, Неделков, Ф. Спиркоски и Алимоски.
Петар Димоски