Попладнево на Градскиот стадион, Победа во генералната проба славеше со 1-0 над второлигашот Велазерими од Кичево со 1-0, полувреме 0-0. Тоа беше солидна фудбалска престава по лош и нерамен терен која во еден дел се одигра и по силен дожд. Победа беше подобар противник во текот на сите 90 минути. Прилепчани агресивно влегоја во натпреварот и веќе во првите 10 минути создадоа 3 изгледни прилики за гол. Во 2-та минута обидот на Карчески од 7-8 метри е блокиран, во 6-тата минута Мирчески на 1-ва статива бие непрецизно крај голот, а во 10-тата минута повторно обид на Мирчески чиј удар со глава заврши покрај голот на Незири. Во 20-тата минута центаршутот на Мирчески не стигна до Дунимаглоски, спречи гостинскиот голман.
Во првиот дел гостите единствено се заканија во 38-та минута преку Мурат, кој биеше откосо од мртов агол, но внимателен и сигурен беше Манчевски. Во вториот дел одново сигурна и игра со посед на домаќините во чии редови беа извршени неколку замени. Во 59-тата минута обид на Наумоски крај голот по избиената топка на гостинскиот голман Зердески. Водството на Победа дојде во 67-та минута кога по центаршутот на Дунимаглоски највисок во скокот беше нововлезениот Котески, кој со глава го матираше немоќниот Зердески. До крајот малубројните гледачи не видоа возбудувања. Победа ја имаше контролата врз играта и случувањата на теренот, со доминантен посед на топка кој не дозволи во ниеден момент да биде загрозен голот на Манчевски. Тренерот Крстески на овој меч им даде шанса на сите играчи на кои смета за пролетната полусезона, која започнува в сабота со натпреварот против Гостивар во Охрид.
ПОБЕДА: Манчевски, Талески, Крстески(Димитриоски), Колески, Ристевски(котески), Мегленски(Петрески), Наумоски, Карчески(Здравески), Дунимаглоски(Иваноски), Мирчески(Шаркоски) и Гешоски(николоски).
ВЕЛАЗЕРИМИ: Незири, Сулимани, Цуцули, Балажи, Сејдини, Иљази, Алиу, Ибраими, Зекири, Османи и Адили.Играа уште:Зердески, Имери, Јагодини, Фејза и Рушај. Главен судија:Кирил Смоквоски. Помошници:Иле Мишески и Илчо Јорданоски.