Со најстариот Стефан Спиркоски, роден 1999 година и голманот Антонио Столевски, кој е роден 2002година, сите останати играчи на прилепска Победа се многу млади деца, генерација 2004, 2005, 2006…
И покај тоа, но и покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот, овие дечки сега се непоразени во четири последователни натпревари и жилаво се борат клубот да опстане во Втора лига.
Три нерешени со Осогово, Беласица и Новаци, па победа над Саса од Македонска Каменица е билансот во последните кола на некогашниот освојувач на македонската лига и Купот на Македонија.
Црвено-белите сега се наоѓаат на 12-то место на табелата, и се на само 2 бода плус од опасната зона.
Следува тешко гостување кај третопласираниот Детонит, а борбата ќе биде тешка до самиот крај. Прилепчани се молат да не се случи повторно клубот да го видат во Трета лига, а за тоа да не се случи, се чини дека финансиската помош треба да пристигне час поскоро, прво за обезбедување на опстанокот, а потоа и за консолидирање на клубот и враќање на старите славни патеки.