Прилепска Победа избра нов домашен терен и првпат сезонава ќе биде домаќин на „Градскиот стадион“ во Кавадарци. В среда од 15:30 часот екипата на Тони Мегленски ќе ја пречека струмичка Академија Пандев во возвраниот натпревар од полуфиналето на Купот.
„Пандевци“ имаат предност од 3-1 од првиот натпревар и се поблиску до првото финале на Купот во клупската историја.
Претходно сезонава Победа на домашен терен играше во Битола, Турново, Струмица, Охрид и Кичево.
Дејан Јакимовски е делегиран за главен судија на натпреварот во Кавадарци, а мечот во Ѓорче Петров ќе го суди Марјан Ецкоски од Охрид.
ИЗВОР: “ГОЛ.МК”