Победа беше поразена на денешниот натпревар против шампионот Вардар, од третото коло, што како домаќин го играше на стадионот “Тумбекафе” во Битола.
Голот во 40-та минута на Дамир Којашевиќ, беше пресуден за трите бода на овој натпревар.
Она што беше впечатливо е огромната поддршка што црвено-белите ја уживаат и на туѓ терен.
И денес на трибините присутни беа голем број од навивачката група “Мајмуни” кои грмеа на трибините и го бодреа својот клуб.