Победа се избори за бараж – фудбалските љубители од Прилеп денеска ги изгризаа ноктите

Победа денеска сама одлучуваше за својот опстанок во Првата фудбалска лига.

Попладнево на стадионот “Младост” во Струмица, Победа како домаќин ја пречека Ренова и успеа да се избори за триумф и значајни три бода во последното коло, за 8-мо место на табелата и плеј-аут дуел со Гостивар или Борец.

Голот на Зоран Даноски во продолжението на првото полувреме беше доволен за триумф над тетовчани и враќање на свежината на лицата кај фудбалските љубители во Прилеп.

Инаку, токму Даноски беше најзначајната алка во црвено-белиот тим оваа полусезона. Тој постигна 8 погодоци, а неговите голови беа клучни во неколку дуели.

Победа прволигашката сезона ја заврши со 10 победи, 8 нерешени и 18 порази.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.