Победа реагира на ,,жалопојките” на Силекс

sdaasdada

До кога за секој пораз ќе Ви бидат виновни судиите?

ФК Победа оваа сезона е дебитант во Првата лига а целокупната македонска јавност знае на какви се судиски одлуки беше изложена во есенскиот дел на првенствто. Ние како клуб досега никогаш официјално не реагиравме сметајќи дека судиите, како и секој човек во својата работа, грешат и имаат право на грешка. Но очигледно се најдоа повикани да реагираат и тимот кој го поразивме ФК Силекс. Оние кои долги години се во директна спрега со одредени, како што тие ги нарекуваат ,,структури,, и најверојатно само на тој начин опстојуваат во Првата лига.

18195510_10212889166407908_1738784815_o(“сомнителниот” пенал за Победа)

Оваа сезона одигравме 3 натпревари со Силекс. Третиот во Кратово оваа пролет го загубивме и го признавме поразот, што не би можело да се рече за двата натпревари одиграни во есенската полусезона. Во 2-то коло бевме драстично оштетени со досуден непостоечки пенал за Силекс  во 80-тата минута од натпреварот. Зошто тогаш Силекс не реагираше на одлуката на главниот судија Фатон  Мустафи  од Тетово. Со тој поклон од пенал кратовчани не победија, а дека судијата погрешил потврдува и фактот дека Мустафи беше казнет и паузираше неколку кола(за потоа повторно не оштети со недосуден пенал за Победа на мечот со Брегалница во Битола-по што повторно доби слаба оценка). На овој меч непреведно беше исклучен Гешски во шанса за гол !  Зошто Силекс  одмолчи и не реагираше на арбитражата од 11-тото коло на дуелот во Охрид меѓу Победа и Силекс(1-1) кога Победа е оштетена за недосуден пенал врз Карчески. На овие 2 натпревари Силекс доби 3 а Победа загуби 3 бода….Дали тоа е рецептот на тимот на Ѕинго кој целокупната македонска фудбалска јавност знае како и на кој начин ,,работи,, со судиите. Токму затоа зачудува реакцијата на клубот кој е привилегиран. Ние коректно ги признаваме поразите. Сме биле, а сигурно и во иднина ќе бидеме незадоволни од од одредени одлуките на делителите на правдата. Но во никој случај нема да ја оспоруваме и омаловажуваме победата на противникот. Судиските грешки се составен дел на фудбалот и како такви треба да ги прифатиме.

Како на Силекс му беше добра и немаше забелешки на оваа иста судиска тројка од мечот во Прилеп (со која Победа патем првпат победува)  за нејзината  арбитража на мечот со Брегалница од 3-тото коло во Кочани, кога победи со 0-2. Зошто тогаш не зборувавте за измислен пенал и нарачано судење!? Или кога ќе  победите се е во ред, а кога ќе загубите сите Ви се виновни!!! Е така нема да може колеги од ФК Силекс. Бидете коректни признајте го поразот. Виновници барајте во Вашите редови, а не кај судиите. Оставете ги нека си ја вршат работата. Грешат и тие, грешиме и ние заедно. Со вакво омаловажување на службените лица и на противникот ништо не сте направиле. ФК Победа достоинствено ги прима поразите. За наша несреќа тие се почести од победите. Но тоа е наш прблем и со тоа живееме и се трудиме работите да се променат на подобро.  Ние не плачеме  по ,,наши медиуми,,  секогаш кога за тоа ќе ни текне  без разлика дали е тоа реално или субјективно. Но очигледно тоа е Вашиот стил. Вашето постојано плачење по секој пораз ве држи високо на табелата. Можеби и ние треба да ги ,,тероризираме,, медиумите и вината за нашите неуспеси ќе треба да ја бараме кај судиите, во ФФМ или кај противниците кои со туѓа помош не победиле. Не, тоа не е наш стил на работа. Тоа е разликата меѓу Победа и Силекс. Отсекогаш така било и така и ќе биде. Фудбалската јавност во земјава знае на какви се лакрдии прилепскиот клуб бил изложен токму на мечевите со Силекс. Во Прилеп режиравте прекин, во Кратово на еден меч се играше додека Силекс даде гол…па и во мрак…за да победите…

Пролетва имате освоено само 1 бод повеќе од нас. Силекс  12 а Победа 11 бодови. Кој ви е крив. Сите судии на мечевите на кои не победивте!!!???

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.