Победа претрпи уште една голеада на едно коло пред крајот на прволигашката сезона. Црвено-белите од Прилеп уште пред неколку кола се второлигаши за наредната сезона, а во последните кола ги претрпија и најтешките порази.
9:1 беше на дуелот против Ренова, а сега и 6:0 на гостувањето кај Вардар. Попзлатанов во два наврати и Мицевски и Колевски по еднаш стрелаа за 4:0 на полувремето за Вардар, а во второто полувреме за само 3 минути беше 6:0.
Попзлатанов го комплетираше хет-трикот на натпреварот, додека Фелипе стрелаше за понижувачки 6:0.
Oна што е интересно за овој натпревар е тоа дека Победа пристигна во Скопје со само три резервни фудбалери. Барем така стои во составот на веб страната “Rezultati.com”.
Во последното коло од Првата фудбалска лига, Победа и гостува на Македонија Ѓорче Петров.