Фото/printscreen/infokompas.com.mk
Гордоста на Прилеп, ФК Победа, се наоѓа пред згаснување. Клубот кој сега е во втора лига должи 9 милиони денари, има блокирана сметка, а нема ниту играчи, ниту тренер. 5-те мина акционери се откажаа од спонзорство и ги продаваат акциите за по 1 евра, но и тие никој не сака да ги купи. Од еден од најголемите македонски клубови, Победа сега се наоѓа во безизлез – пишува порталот “Инфокомапс”.
Во обид да помогне да не згасне клубот градоначалникот Илија Јованоски oдново вети дека пред Советот на Општината ќе предложел да се одделат дополнителни средства за да се одблокира сметката.
„Ќе излезам со предлог до советниците на Општина Прилеп, каде што ќе побарам да се вложи дополнителна финансиска инекција за ФК Победа, за да може да ја одблокираме жиро сметката, за да може да функционира финансискиот дел, а со тоа да привлечеме и фудбалери кои во овој период најголем дел заминаа. Победа во овој момент нема ниту тренер, ова е жалосно“, истакна градоначалникот Јованоски.
Но засега не се знае колку ќе бидат тие средства, ниту дали ќе бидат доволни за опстанок на Победа, ако се знае дека ниту во кога Победа беше во прва лига работите не одеа како што треба, па камоли сега во втора.
„Затоа го правиме ово чекор за да Општината ја превземе улогата на почетен инвеститор за во иднина еве ги повикам и сите стопанственици и компании во рамките на своите можности да одделат средства за Победа, затоа што овој клуб нема да биде на Општината туку на градот“, додаде Јованоски.
Целиот прилог погледнете го ТУКА