Победа по долго време “пукна” петарда: Тетекс си замина со 5 парчиња од Прилеп

П

Со квалитетна и организирана игра, фудбалерите на Победа славеја висока победа на стартот од новата сезона во Втората лига.

На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, со 5:1 беше поразен Тетекс, на задоволство на околу 1000 фудбалски вљубеници на трибините.

Победашите стигнаа до брзи 2:0 со головите на Филип Димоски уште во првата минута и Дарко Грозадноски во 13-та. На 2:1 намали Матео Софијаноски во 36-та, но тоа беше се’ што Тетекс можеше да понуди на овој натпревар.

Мрежата на тетовчани се тресеше уште три пати, најпрво преку Јорданчо Наумоски во 74-та минута, па преку Анатолија Петејчук во 77-та и на крај гол постигна и Филип Спиркоски пред судискиот свиреж за крај на натпреварот.

Во наредното коло црвено-белите гостуваат кај Башкими.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.