Фудбалерите на Победа по втор пат во четвртфиналето на Купот на Макеоднија ја совладаа Шкендија и успеаа по долго време да се најдат на само чекор до финалето, на најмасовното фудбалско натпреварување кај нас.
Денеска на стадионот под “Тумбе кафе” во Битола, црвено-белите ги совладаа тетовчани со 2:0, а јунак на Победа беше Французинот Јаник Макота, кој беше двоен стрелец на натпреварот.
После врзаните 5 порази во првенството и смената на тренерската позиција, конечно малку сонце за победашите и љубителите на фудбалот во Прилеп.
За пофалба е и тоа што победашите успеаа да ја сочуваат чиста својата мрежа и на двата натпревари со Шкендија.
Со вкупни 3:0, Победа патува во полуфиналето каде се пласираа уште и Беласица, Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.