Фудбалерите на прилепска Победа денеска го претрпија 17-от пораз сезонава.
На гостински терен кај Работнички, црвено-белите беа совладани со високи 4:2, резултат кој ја донесе Победа на претпоследното место на табелата.
Работнички многу рано во 3-та и 6-та минута од натпреварот водеше 2:0 со головите на Ангелов и Кировски.
За Победа пред полувремето намали Лога на 2:1. По 15 минути игра во второто полувреме Маркоски стрелаше за 3:1 во 59-та минута, а минута подоцна Даноски веднаш намали на 3:2.
Но, Победа немаше сили за поволен резултат, па Маркоски со втор погодок во 85-та минута ги постави конечните 4:2 за “романтичарите”.
Ситуацијата на дното на табелата е сеуште неизвесна. Пелистер попладнево загуби на домашен терен од Академија Пандев, а Скопје со погодок во финишот на натпреварот ремизираше со Шкупи.
Со ова реми Скопје освои бод со кој се изедначи со Победа, но подобрата гол разлика му го донесе 8-то место.
До крајот на сезоната остануваат уште 3 кола. Победа ќе игра со Силекс и Ренова како домаќини, додека клучен натпревар ќе биде тој во претпоследното коло против Скопје на гостински терен.