Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ фудбалерите на Победа забележаа лесна и убедлива победа над новајлијата во Втората лига-Исток Локомотива од Градско со 4-0, полувреме 0-0.
Во последниот меч од есенската полусезона црвено-белите одиграа онолку колку што хеше потребно за да стигнат до победата, несомнено лесна и убедлива. За противник имаа противник кој сигурно е инфериорен по квалитет а кој во Прилеп дојде само со 11 играчи, без ниту една резерва.
Избраниците на новиот тренер Капинкосвки во порвите 45 минути создадоа само две шанси-Момировски со глава и обидот од пад на Дебрешлиоски. Развојот на настаните во Струмица и водството на на полувреме на Беласица над до тој момент првопласираната Слога од 2-0, како да ги мотивира црвенo-белите за заиграат малку посериозно во продолжение.
Таквиот пристап веднаш вроди со плод и веќе во 47-та минута по додавање на Б.Спиркоски, пропуштена зад себе меѓу нозе од Карчески топката стигна до Момировски кој биеше прецизно во споротивниот агол. Во 62-та Б.Спиркосвски со прецизен удар зголеми на 2-0, 7 минути подоцна Јошески со ефектен погодок ја доиведе Победа во водство од 3-0 а конечните 4-0, со својот втор гол денес, ги постави Б.Спиркоски во 71-та минута.
Победа: Столевски, Бошески Стомнароски (од 78 Кисески-Илијоски), Петкоски (од 25 мин Дебрешлиоски), Ангелески, Карчески (од 72 мин Митрески), Момироски (од 78 мин С.Спиркоски), Дунимаглоски, Петејчук, Јошески (од 72 мин Ф.Спиркоски)и Б.Спиркоски.
Резултати 15 коло: Победа-Локомотива 4-0, Беласица-Слога 3-0 и Кит Го-Саса 0-1. Поради попладвени терени не се одиграа натпреварите: Кожуф-Братство и Детонит-Осогово.
Табела: Победа и Слога по 32, Каменица Саса 31, Беласица 28, Кит-Го 19, Осогово 18(-1), Кожуф 17(-1), Детонит 15(-1), Братство 7(-1) и Локомотива 6 бода.
Пролетната полусезона започнува на 19 февруари 2022 година кога во следното 16 коло ќе играат: Братство-Победа, Саса-Кожуф, Слога-Кит Го, Осогово-Беласица и Локомотива Детонит.