“На вчерашниот состанок на Регионалната Стопанска комора на кој присуствуваа и неколку преставници на навивачите на покана на акционерите и сопственици на ФК Победа дополнително беше повикан и екс играчот, капитен и тренер на Победа Тони Мегленски. Тој, како човек кој долго е во клубот, кој ги познава приликите во клубот и особено играчкиот кадар, ја прифати понудата на раководството и од денес и официјално е повторно Шеф на Стручниот штаб на прилепскиот прволигаш. Мегленски за понеделник во 12 часот во клупските простории на Победа свикува отворена прес конференција на која можат да присуствуваат сите љубители на фудбалот, навивачи и спортски работници”, информираат од ФК Победа.
Мегленски беше тренер на Победа од април минатата сезона до крајот на ноември, кога после 4 последователни порази беше отпуштен, а неговото место го зазеде екс голманот на македонската репрезентација Јане Николоски.
Сега Мегленски се враќа во клубот после долга серија на порази и во моменти кога Победа е на самото дно од табелата.