“Победа остана без тренер, сега речиси отпадната е во рацете на овие љубители на спортот??” (Видео)

Јане Николоски не е повеќе Шеф на Стручниот штаб на Победа

По поразот од Ренова Шефот на Стручниот штаб на ФК Победа Јане Николоски најави дека се повлекува од функцијата поради лошите резултати во пролетниот дел на шампионатот – информираат од клубот.

-Поради слабите резултати одговорноста за се ова што се случува во овие 5 кола од почетокот на пролетниот дел на првенството ја превземам јас.Одговорноста е само моја На секој натпревар ни се повторува исто сценарио само имаме различни актери. На секој натпревар ни се случуваат некои индивидуални грешки по кои што примаме голови кои се кобни за нас и по кои грешки тешко се враќаме во игра.Мислам дека е време јас да се повлечам. Се надевам дека управата и спонзорите ќе изнајдат некое поадекватно решение кое што ќе донесе некои подобри резултати на ФК Победа. Се надевам дека бев коректен, искрен и чесен кон сите со кои соработував и можам само да и посакам на Победа се најубаво, изјави Николоски по мечот со Ренова.

Николоски седна на тренерската клупа во последните две кола од еснеската полусезона на кои екипата претрпе порази од Вардар (0-3) и Македонија Ѓ.Петров (0-2). Во 5-тте пролетни кола Победа има само стартно реми со Беласица 1-1) и порази на последните 4 натпревари: Шкупи(0-3), Работнички(0-1), Силекс (0-1) и Ренова (2-3).

По оставката на Николоски на потег е клупското раководство, во паузата во шампионатот поради УЕФА репрезентативните термини, да назначи нов Шеф на Стручниот штаб кој ќе ја предводи екипата во наредното 24-то коло на дуелот со А.Пандев на 28-ми март.

Состојбата на табелата е следна:

Со овој нов пораз, Победа останува на 18 бода, а опстанокот станува се подалечен.

Ќе се потсетиме дека актуелните локални власти ветуваа голем подем на спортот во Прилеп и враќање на Победа на самиот врв во македонскиот фудбал.

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски дури и во неколку наврати бараше премија од 1 милион денари за црвено-белите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.