Денес напладне на теренот со вештачка трева, прилепскиот второлигаш Победа го одигра првиот контролен натпревар во подготвителниот период. Во дуелот со прволигашот Младост Царев Двор остварена е победа со резултат 1-0, со голот на младиот Марјан Митрески во 80-тата минута од натпреварот. Во првата проверка на формата тренерот Дарко Крстески им даде шанса на 22-ца фудбалери, а единствено не настапија повредените: Шаркоски, Димитриоски и младиот голман Котевски, како и недоволно опоравениот Мирчески.
Во двете полувремиња настапија различни постави со цел да се проверат сите расположиви сили со подеднаква минутажа. Победа беше подобар противник, при што исто така останаа неискористени шансите на Здравески, Гешоски и Карчески, а гостите се заканија преку Лазиќ. Над 200 љубители на фудбалот проследија интересен натпревар, а во убавата игра на домашниот тим уживаше клупското раководство на чело со новиот претседател Гоце Ингилизов. Својата подршка вообичаено ја пружија и членовите на навивачките групи од Прилеп.
ПОБЕДА: Манчевски, Талески, Крстески, Колески, Ристевски, Дунимаглоски, Наумоски, В.Петрески, Лавуровски, Здравески и Тодороски. Во вторите 45 минути играа:Јованоски, Богоески, Велјаноски, Котески, Никололоски, Мегленски, Х.Петрески, Иваноски, Карчески, Митрески и Гешоски.
Следната контрола Победа ќе ја има во недела на 31 јануари од 14,30 часот во Охрид со српскиот прволигаш Младост Лучани. На 14-тти февруари Победа ќе учествува на меморијалниот тунрир ,,Буко Каров,, во Кавадарци заедно со домажинот Тиквеш и второлигашот Љубанци.