“Победа која се случува еднаш во генерацијата”: Борис Џонсон оствари голема победа и останува премиер на Велика Британија

Првичните резултати од вчерашните избори во Велика Британија покажуваат убедлива победа на Конзервативната партија на актуелниот премиер Борис Џонсон, победа за која многу аналитичари велат дека се случува “еднаш во генерацијата”.

Ова беа трети општи избори во изминатите 6 години, кои многумина ги оценуваат како најважни во британската историја. Конзервативците освоија 368 места во парламентот, 50 повеќе од изборите во 2017 година.

Лабуристите од друга страна освоија 191 место, а по нив следуваат либерал-демократите со 13 и Шкотската национална партија со 55 освоени места.

Oвие избори, инаку, го добија епитетот “најправилни било кога” поради начинот на кој политичките партии ги водеа своите кампањи. Фокусот беше околу дилемата за “Брегзитот”, а конзервативците го имаа во преден план.

Борис Џонсон и неговите конзервативци беа во предност и пред одржувањето на изборите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.