Победа киксираше кога најмалку требаше

Во рамки од 17-то коло во Втората лига – Исток, Победа денеска во Радовиш гостваше кај екипата на Детонит Јуниор, натпревар кој се очекуваше да донесе нови сигурни три бода за прилепчани.

Но, наместо да ја оправдаат фаворитската улога, црвено-белите одиграа нерешено без голови 0:0, и со тоа испуштија шанса да се одделат на +3 бодови пред екипата на Слога од Виница, кои денеска ремизираа на гостувањето кај Кожуф.

Третиот претендент за директен пласман во Прва лига, екипата на Беласица, денеска убедливо со 6:0 ја совлада Локомотива од Градско.

Во наредното коло Победа ја пречекува токму Беласица, натпревар кој ќе значи да се биде или не.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.